Потребно е : 1 филџан брашно, сол, црн пипер, 2 јајца, 6 лажици сенф, „дижон“, 1 лажиче црвен пипер,
трошки од бел леб, 4 парчиња пилешки гради и маслиново масло.
Се меша брашното, сол и црн пипер а во друг сад се матат јајцата, сенф и пипер. Во трет сад се мешаат трошките од леб и сол. Едно парче пилешки гради се валка во мешавината од брашно, а вишокот се истресува. Се премачкува со јајца, а потоа се валка во лебните трошки. Се префрлува на решетка. Постапката се повторува со преостанатите парчиња пилешко.
Маслото се згрева во голема огноотпорна тава на умерена температура. Се додава пилешкото; се пржи додека добие златна боја, 2-3 минути. Пилешкото се превртува и се префрла во рерна. Се пече околу 10. минути.