Пиперки за појадок, ручек и вечера

 

Миризлива салата

Две дебели црвени и една жолта пиперка, две лажички маслиново масло, три лажички сок од портокал, кари сос и сол.

Преполовете ги пиперките и исечете ги најтенко што можете. Сокот од портокал помешајте го со карито, посолете и зачинете. Оставете да омекнат а подоцна послужете со препечен леб.

Пиперки полнети со телешко

Потребни се 4 црвени пиперки, малку печено или варено телешко месо, 100 гр. ориз, 1 коцка супа, 1 лук, 1 лажица масло, 1 лажица сос од домат, сол и пипер.

Оризот сварете го во супата. Исчистете го лукот и испржете го и ставете на плех. Ситно исецкајте го месото и него ставете го во плехот, додадете го сокот од домати и оризот. На пиперките исечете им го горниот дел и варете 5 минути и штом ќе се оладат наполнете ги со месото и повторно поклопете. Ставете ги врз лукот и печете 35 минути.

Салата од печени пиперки

Потребни се 2 црвени, 2 жолти и 2 зелени пиперки, 3 лажички маслиново масло и една лажичка сок од лимон, 8 тенки парчиња шунка, маклу рукола, сол и пипер.

Пиперките испечете ги и излупете а подоцна исечете на широки ленти. Зачинете со лимонов сок и масло и оставете да се изладат, а пред сервирањето додадете рукола и шунка.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени