Потребно е: неколку покрупни компири, сол, 1,5 филџан сирење рикота, полномасно млеко, 3 лажици путер, пола лажичка мелен црн пипер.
Подготовка: исечете ги компирите на помали парчиња и ставете ги да се варат. Исцедете го компирот и исечкајте ги парчињата уште поситно. Додадете го сирењето рикота, млеко, путер, сол и црн пипер. Промешајте и распоредете во садови, ставете во рерна. Потпечете накратко колку пирето да добие боја.