Драг Дедо Мразе,
Оваа година не сакам ама баш ништо што може да се купи со неколку хартиички и што ќе зафаќа место во плакари и картонски кутии. Годинава донеси многу љубов и здравје на сите мои блиски а и мене. Додека успевам да внесам малку повеќе среќа во страниците од книгата 2019- та, истовремено посакувам да започнам нова книга исполнета со многу среќни лица и убави моменти, а што помалку солзи …
Оваа година сакам да имате сонце како моето, што ќе ве грее во најтешките моменти, што ќе ви ја згрее душата и ќе ви каже „мамо те сакам“, што ќе ви ја исполни секоја страна со разни илустрации во срцето.
Дај ми и трпение за тинејџерските лудории на мојот ангел Тино.
Не сакам нови чевли ни нова ташна, не сакам ништо што нема душа и нема да ме натера да плачам и да се смеам во исто време!
И секако, можеш во 2020-та конечно да излезеш од рекламите на кока- кола.