10.8 C
Skopje
недела, јануари 25, 2026
spot_img

Писмо до Дедо Мраз. Снежана Сани Богдановска: Што е мое, ќе си дојде

Завршуваме уште еден круг на завртување околу сонцето. Затвораме уште едно поглавје, наречено година во нашите животи и правиме проценка: Што запишавме таму, колку среќа почувствуваме, колку тага отагувавме? Колку радост доживееавме и на колку предизвици одолеавме? Kолку мудрост стекнавме а колку дилеми откривме? Колку насмевки покажавме а колку солзи пуштивме? Што сакаме да заборавиме, никогаш да не се повтори, а што да запаметиме и посакаме постојано да не следи? И едно осознаваме.


Колку повеќе кругови зад нас, толку помалку пред нас. А желбите за тоа, во нив се сè помалку квантитет а сè повеќе квалитет. Зборот „среќа“ се преобликува со секоја измината година, добива ново значење и нова вредност. Она што порано се подразбираше, сега станува ултиматум. А што е животот ако не тоа, осознавање. Само здравје посакувам, а сè друго, што е мое, ќе си дојде.
И онака, оној на кого му ги упатуваме желбите, со текот на годините иако можеби го менува костумот, сепак останува со еден лик.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена