Пита со риба
Потребно е: за тестото – 300 г. брашно, 150 г. маргарин, 1 лажица пекмез од домати, сол; за филот- лук, 1 дл маслиново масло, 500 г. сардели, сол, снопче магдонос и 2 големи компири.
Замесете тесто од брашно, уситнет маргарин, домати, сол и малку студена вода. Добро изработено тестото, ставете го во фрижидер, да отстои. Рибите исечкајте ги на тенки резанки а излупениот лук исецкајте го. Измастете го калапот, дното и страните обложете ги со тесто, наредете ги сарделите и ставете го лукот врз нив. Посипете со насецканиот магдонос , а потоа изрендајте ги варените компири и попрскајте со малку масло.
Фото- Becky Excell