Подарете цвеќе. Стрелците „паѓаат“ на темјанушки а Водолии на нарциси

Цвеќето е дар кој најчесто им се подарува на жените, особено за 8 Март. Но, кога се дава цвеќе на подарок, треба добро да се познава и какрактерот на хороскопските знаци, бидејќи секоја личност има свој вкус и афинитет за цвеќиња. Во рамките на астрологијата постои теорија, како и истражувања кои потврдуваат дека секој човек во зависност од својот натален знак и личен хороскоп, преферира одредени цвеќиња.

ОВЕН. Ова е огнен знак и личност која кога и подарувате цвеќе, во ритуалот на давање сака да почувствува страст, предизвик или некоја „љубовна – пламена“ искра. Омилена боја и е црвена или „огнена“, кармин или пурпурно црвена, како и бордо нијанси. Изберете китка црвени цвеќиња, а нема да згрешите ниту со златни или силно жолти лилјани.

БИК. Луѓето родени во овој знак копнеат за „скапоцени подароци“ или цветни аранжмани кои на нив делуваат смирувачки. Доколку цвеќето има и опоен мирис- потполно ќе ги освоите. Вистинскиот избор за овие луѓе претставуваат миризливи цвеќиња, големи букети со хармонични бои, а нивната омилени комбинација се рози и зелени лисја од еукалиптус во луксузно пакување.

БЛИЗНАЦИ. Оваа личност е оптимист и има весело расположение. Ви препорачуваме да одберете ирис или крин, по можност бел, или во некоја посветла нијанса. Доколку собата во која престојува е исполнета со лилјани или некое полско цвеќе, овие луѓе ќе бидат многу задоволни.

РАК. Луѓето родени во овој знак му припаѓаат на елементот вода и од вас го очекуваат сето внимание на светот. Се разбира, често и претеруваат, но не заборавајте дека Раковите се исклучително чувствителни, романтични и нежни. Добар избор за нив се јорговани, рози во нежни бои или гроздесто бело цвеќе. Оваа личност може да ја усреќите доколку секој ден и подарувате по еден цвет. За нивниот сензибилитет особено одговара водено цвеќе и крин.

ЛАВ. По својот елемент ова е огнен знак и кога му подарувате цвеќе, тоа треба да го направите во голем стил, галантно и искрено. Овие луѓе имаат изразена суета и потреба секогаш да заземаат посебно место. Ќе ги воодушевите со букет во силно портокалови цветови. Добар избор се гарденија и циклама, но задолжително мора да бидат луксузно аранжирани, завиткани во целофан и украсени со разни панделки и детали, многу декоративно и богато. На Лавовите особено им одговара сончоглед во различни нијанси на жолта боја.

ДЕВИЦА. Овој знак е земјен, а личноста на која и подарувате цвеќе од вас очекува крајно искрени и сериозни намери. Има потреба да чувствува сигурност и сака мирни тонови, како што се различни нијанси на сина боја и зелена. Добар избор за овој знак се букет орхидеи и јасмин, особено во бела боја. Ако им подарите гербер, ќе забележите сјај и задоволство во нивните очи.

ТЕРЕЗИЈА. Луѓето родени во овој знак имаат многу немирен карактер. Инаку, Терезиите се големи естети, имаат истенчен вкус и многу се пребирливи. Ви препорачуваме да им одберете ирис и големи букети со бели, розови или црвени рози. Не заборавајте дека Терезиите очекуваат од вас миризливи или големи букети во луксузно пакување.

СКОРПИЈА. Овој воден знак го сочинуваат луѓе кои се многу чувствителни, сензуални и страсни. Особено ќе ги воодушевите ако им подарите букет гладиоли во силни нијанси на црвена, виолетова и портокалова боја. Добар избор се цветни кактуси или рози во комбинација со зелени гранки папрат. Инаку, по митолошкото предание се смета дека поради малку „мрачната природа“ особено им одговара асфодел (симбол на бесмртноста и растение кое се користи како противотров).

СТРЕЛЕЦ. Оние кои се родени во овој знак имаат многу темпераментен карактер, одлична смисла за хумор и оптимизам. Кога им подарувате цвеќе, најдобар избор за нив претставува китка темјанушки и лалиња во силно жолта боја. Немојте да заборавите дека врз нив особено делува и опојниот мирис на цвеќето. Од полско цвеќе најмногу им годат големи букети комбинирани со мешано цвеќе во шарени бои.

ЈАРЕЦ. Луѓето родени во овој знак делуваат многу смирено, дисциплинирано и контролирано. За да го омекнете нивниот строг карактер и склоност кон песимистичко расположение, најдобро е да им подарите китка миризливи нарциси. Особено ќе ги воодушеват миризливи зумбули или саксиско цвеќе со големи зелени листови.

ВОДОЛИЈА. Кај припадниците на овој знак е изразена непостојана природа и малку необичен вкус. Водолиите имаат потреба за слобода и многу се оригинални или специфични во својот начин и стил на изразување. Кога им дарувате цвеќе, добар избор се букети со зимски рози во различни тонови или букети полско цвеќе во сини тонови. Посебно ви препорачуваме нарциси, на нив Водолијата реагира многу позитивно и сензуално.

РИБИ. Луѓето родени во овој знак се многу сензуални, романтични, чувствителни и занесени. Најдобар избор за нив претставуваат различни видови на ириси со богати зелени гранки и цвеќе со опоен мирис, а меѓу нив е секако фаворит- ирисот. Ќе ги воодушеват и богати или големи букети полско цвеќе во кое преовладуваат сини тонови и нијанси. Бидете сигурни дека ќе го добиете нивното внимание и наклон ако им подарите стрелиција во силно љиљакова боја. Боите и мирисите имаат посебно влијание врз сензибилитетот на овој знак.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!