1. Границата меѓу улогата на родител и пријател
Може да му бидете пријател на своето дете, но, порано или подоцна, таа улога ќе се најде во колизија со улогата на родител. Тинејџер може на својот пријател да му каже с`, без да размислува дали ќе биде осудуван, а родителите тоа не го можат. Запомнете – вашето дете секаде може да најде добар пријател, но добар родител само во вас.
2. Ангажирајте се
Тоа значи дека треба да бидете со нив дури и кога станува збор за непријатни состојби и тие не ве сакаат до себе. Треба да се потрудите да знаете што се случува во животот и во мислите на тинејџерот.
3. Научете ги на одговорност
Ваша задача е децата да ги подготвите за живот. Научете ги да ги исполнуваат задачите на време, да водат сметка за својата хигиена… Доколку не ги исполнуваат задачите – не им давајте џепарлак. Вие треба да ги научите како функционира светот.
4. Слушајте ги
Ова значи слушање и разбирање, а не слушање и осудување. Дури и ако се кавгаџиски расположени, не ги прекинувајте. Потоа погледнете што е под површината. Многу често тоа е начин да викнат помош. Не се карајте. Вие сте возрасни и треба да се контролирате.
5. Објаснувајте ги своите постапки
Доколку им ги објаснувате причините што ве наведуваат на одлука, всушност, ги насочувате да донесуваат правилни одлуки. На пример, ако им одредите да се враќаат дома во одредено време затоа што на улиците не е сигурно, порано или подоцна, ќе разберат зошто сте го зборувале тоа.
6. Бидете им потпора
Децата мора да знаат дека имаат на кого да се потпрат. Но, тука има препрека – не претерувајте и навикнете ги сами да почнат да се грижат за себе.
7. Вклучете се
Добро е да ги знаете нивните интереси – што слушаат, што сакаат да читаат, кои им се пријателите…
8. Бидете флексибилни
Правилата се потребни, но сосема е логично понекогаш да отстапите од нив.
9. Делете ги интересите
Заеднички интереси значат и подобро заемно разбирање.
10. Зборувајте и кога не сакаат да ве слушаат
Ова е тајна, но тинејџерите слушаат што родителите им зборуваат. Дури и кога викаат на вас, вашите зборови, сепак, ги допираат. Кажете им што мислите за пушењето, алкохолот, сексот, дрогата… Објаснете им ги работите уште кога ќе наполнат 11 години. Доколку тоа не го направите, или ако мислите дека тоа ќе го научат во училиште – ги занемарувате.