Подгответе: 6 домати, 5 големи лажици презла, 1 филџан исечкан магдонос, 1 чешне лук и пармезан.
Презлата, лукот, магдоност и црниот пипер добро измешајте ги, па потоа со таа смеса филувајте ги напола исечените домати, на кои сте им ги исчистиле семчињата. Доматите ставете ги во огноотпорен сад, прелијте ги со маслиново масло, посипете со пармезан и печете на умерен оган.
Фото- Ciao Florentina