14.8 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

Полнети краставици

Потребно е: 4 краставици, црн пипер, 2 гранчиња мајчина душичка или копар, сол; за филот: една главичка кромид, 2 чешниња лук, 40 г путер, 400 г мелено пилешко, малку изрендана кора од непрскан лимон, мелен црвен пипер, црн пипер, 150 г тенко исечена месеста чадена сланина, 2 дл супа, една лажица брашно.
Измиените краставици излупете ги, исечете ги по должина и издлабете ги. Посолете ги, зачинете со црн пипер и посипете со исечкана мајчина душичка. Излупете и многу ситно исечкајте го кромидот, потоа испржете го. Додадете го месото, иситнетот лук, солта, мелениот црвен пипер и црниот пипер. Испржете. Кога ќе се излади, измешајте едно јајце. Со тоа наполнете ги краставиците. Спојте по две половини и завиткајте ги со ленти од сланина и прицврстете ги со чепкалки. Наредете ги во сад, па залијте го со половина од супата и така покриено динстајте го половина час. По потреба, додавајте супа, или ако недостига – вода. Приготвените краставици ставете ги во чинија. Стопете го брашно во малку вода, промешајте во преостанатиот сос и проварете додека да се згусне.
Додајте зачински тревки и прелејте го преку краставиците.

фото- Get inspired everyday

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена