Популарниот руски психолог Лабковски: Првата учителка не треба да биде строга, туку добра

Ако не сакате училиштето да го скрши вашето дете, овие совети на рускиот психолог, Михаил Лабковскиќе ви бидат драгоцени и од голема помош.
Пред училиште, децата не треба да бидат оптоварени. Од 6 до 7 години, мозокот на детето физиолошки не е подготвен да добие голема количина на информации. Вие ќе си изгубите пари, а детето ќе го изгуби детството.
Немојте за првооделенчето да барате “силно училиште”. Во пониските одделенија за детето е најважно да постигне психолошки комфор. Затоа, изберете нормално училиште, блиску до дома. Детето нема да губи време и сила одејќи и враќајки се од школо и ќе му биде полесно да гради односи со врсници со кои живее во соседството.
Првата учителка не треба да биде строга, туку добра. Ви треба соодветна учителка која ги сака децата и ја сака оваа професија.
Училиштето е одговорност на вашето дете, а не на ваше. Можете да земете одмор првите две недели од почетокот на првото одделение, а потоа да се договорите со детето: ” Мене твоето училиште не ме вознемирува а јас нема да те вознемирувам тебе”.


Престанете да распрашувате што се случило на секој час и претерувате со реакција за оценките. Нека темата за училиште стане табу тема. Ако детето сака да зборува за училиште, зборувајте; ако не сака – не треба со клешти да му ги извлекувате зборовите од уста.
Домашното не треба да го работите со детето, ранецот не треба вие да го подготвувате, ако нешто заборавило, не треба вие да водите сметка. Мислете за себе – ова дете треба вас да ве гледа во старост. И ако вие правите се место него, тоа во иднина ќе биде голем проблем.
Се разбира, можете да му помогнете на вашето дете. Но, детето прво треба да се праша: “Мамо, јас не го разбирам ова?” И не треба вие постојано да го прашувате дали е се во ред. Ако детето не праша ништо, тоа значи дека сè е во ред.
Ако на наставникот не му се допаѓа вашето дете, проблемот мора да се реши. Обидете се да разговарате прво со наставникот, а потоа со директорот, ако нема корист од нив, одете понатаму. Можете да го префрлите во друго одделение, па дури друго училиште. Во никој случај не треба да се остави детето во состојба на долг постојан стрес.
Не треба да влегувате во отворен конфликт со училиштето – ќе ја изгубите битката. Кога ќе ве повикаат и ќе ви зборуваат за силното училиште, комплексната програма и потребата да се позанимавате со детето – не се спротивставувајте. Но, продолжите да работите по свое.
Не е неопходно конкретно специјално да се развиваат талентите на детето ако детето не сака. Талентот треба да понуди радост, а не да се искористува. Нема потреба да се напрегате, да барате педагози со цел да се даде одговор на прашањето “што се крие во него?” Најчесто не се крие ништо посебно, па и во тоа нема ништо трагично.


Најважно е да научите да го прифатите своето дете без да очекувате нешто од него. Не е важно колку учи, сакајте го онакво какво е без оглед што прави. Да, кога ќе има 15, ќе биде потешко отколку кога имало пет години. Детето во вас не треба да предизвикува никакво одбивање. Но, за да биде така треба прво да се засакате себе си.

Извор: detinjarije.com

Foto- Pixabay

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени