Потребно е: 200 грама пченка, 200 грама ориз, 200 грама грашок, 1 главица кромид, 2 моркови, сусам по желба, масло, сол, магденос.
Подготовка: Во длабок сад динстајте го ренданиот кромид и морков а потоа додадете го останатиот зеленчук. Посолете, ставете бибер и налејте околу 1,5 литар вода и оставете зеленчукот да се свари. Оризот измијте го и додадете го на скоро сварениот зеленчук. Се заедно нека врие пет минути а потоа поклопете го тенџерето и тргнете ја од рингла. Потоа додајте препечен сусам, свеж или сув магденос. По 15 минути тргнете го капакот и промешајте го. По 10 минути ладење може да се служи.
Извор и фото: stil.kurir.rs