8.8 C
Skopje
вторник, април 22, 2025
spot_img

Последно збогум за Истатов: Изгубивме омилен спортист во Македонија

Со долг спортски аплауз струмичани ја испратија фудбалската легенда Благој истатов, кој почина вчера во 71 година од животот.  На комеморацијата за неговиот живот и кариера во Струмица зборуваа Томе Семенков, поранешен фудбалер, Васил Тупурковски, претседател на МОК, поранешниот селектор и колега на Истатов, Ѓоко Хаџиевски , но актуелниот  претседател на ФК „Беласица“, Славчо Васков- Пинда.

Семејството на Благој Истатов

На комеморацијата присуствуваше и семејството на Истатов, сопругата Љупка, синовите Мишел и Боро, како и ќерката Боркица.

-Истатов вечно ќе живее, тој остави голем белег на македонската фудбалска сцена, рекоа дел од присутните.

„Тој е еден од најпопуларните спортисти во Македонија, на сите времиња. Имаше богата играчка кариера. Кога ќе се каже за некој се калкулира на 10 или 15 години на  неговиот играчки век, но Благоја е цел живот популарен. Икона. Легенда. Вистинска легенда, која трае многу години и ќе трае. Губиме една омилена фигура  во Македонија. Јас лично изгубив многу близок другар“, рече Хаџиевски.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена