16.8 C
Skopje
четврток, јуни 19, 2025
spot_img

Посни рецепти

Паштета од ореви
Потребно е: 5 компири, 250 гр мелени ореви, 1-2 лажици доматно пире, 1-2 лажици сенф, сок од половина лимон, сол, бибер, ситно сечкан млад лук и кромид по вкус.
Варените компири се лупат и пасираат, се додаваат оревите и другите состојки. Смесата се меша со миксер и се зачинува со мирудиите.

Хумус
Околу 250 гр отстоена печена леблебија се меле во мелница за кафе. Се додаваат сенф, сол, сок од половина лимон, млака вода, колку да се добие густина на паштета. На крајот се додава толчен лук по вкус.

Благи макарони
Потребно е: 250-300 гр макарони, 2-3 лажици сечкани ореви, 4-5 лажици шеќер, 2 лажици мед, 4 лажици кокос и малку посно чоколадо за готвење.
Макароните се варат, а откако ќе се процедат се додава мед. Потоа се ставаат шеќер, ореви (сечкани или мелени) и кокос, се промешува смесата и се посипува со стопено чоколадо.

фото- pexels

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена