ПОТПЕЧЕНИ КРАСТАВИЦИ

Потребно е:
1 подолга краставица или 2 помали
5-6 лажици сенф
1 туна конзерва
1 чешне лук
бибер, со, копар

Поделете ја краставицата по должина (неизлупена), со лажица издлабете ја средината и исчистете ја, направете ја како чамец. Иситнете ја туната, додадете го истолчениот лук, другите мирудии и сенф. Наполнете ја вдлабнината на краставицата. Ставете ja на подмачкано тавче и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, додека не омекнe. Печенaта краставици оставете ја да се излади, исечете на парчиња и служите.

Фото -Pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени