Подгответе: 20 цветови од тиквички, 6 срциња од артичоки, 1 тиквичка, 1 главичка лук, 500 г. сланина, 1 чешне лук, масло, половина шолјичка варен ориз, 500 г. рендано сирење, 2 лажици пармезан, 1 јајце, сол и црн пипер.
На цветовите извадете им ги толчниците. Исечкајте ги артичоките, тиквичките, лукот и сланината, посолете и зачинете го со црн пипер. Сето тоа попарете го и издинстајте го на масло. Смесата ставете ја во сад, па додадете изрендан пармезан, варен ориз и јајце. Добро измешајте, па внимателно отворете ги цветовите и филувајте ги. Латиците од цветот затворете ги и испржете ги во масло. Филуваните цветови на тиквичките можете да ги послужите со прелив од домати.
Фото- GreenMe