3.8 C
Skopje
недела, февруари 16, 2025
spot_img

Почина легендарниот Зафир Хаџиманов

Зафир Хаџиманов (78), амбасадорот на културата на РМ во Србија, со постојана адреса на живеење во Белград, легендарен актер, пејач, поет, човек кој го сакаше животот во вистинската смисала за зборот, почина од последиците на корона вирусот, пишуваат српските медиуми.
Причината за смртта- последиците од коронавирусот, внесе забуна и предизвика лавина коментари, бидејќи Хаџиманов на 5 март, на својот фб- профил напиша дека се вакцинирал против covid 19:
„Сенка и јас боцнавме, после долго чекање. Две прекрасни дами нè испекоа незабележани прекрасни! Вакцината ќе не спасува од домашен притвор.“
Но, тоа секако не ја намалува големата загуба и болката по Хаџиманов.
Зафир долги години беше во брак со Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, кој пак им подари голема радост- внуката Марта.
Инаку, роден е во Кавадарци, 1943 година, а најголемиот дел од животот го поминал во Белград.
7дена.мк

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена