34.8 C
Skopje
недела, јули 13, 2025
spot_img

Почина Оливер Драгојевиќ – Последниот романтичар одлета кај галебите

Утрово во пет часот во Сплит почина легендата на хрватската музика, Оливер Драгоевиќ.  Оливер ја изгуби битката со тешката болест, една година откако му беше дијагностициран рак на белите дробови. Веста за смртта ја потврдило и неговото семејство. Зад себе ги остави сопругата Весна, синот Дино и близнаците Давор и Дамир.

Хрватските медиуми, повикувајќи се на информации од кругот на семејството, пишуваат дека  нему последната година, откако му била дијагностицирана болеста,  му било многу лошо. Заврши неговата богата кариера која траеше 50 години и зад која  ќе останат запишани  песни кои веќе одамна се сместени во евергрини.

-Ѓаволска болест е тоа, малку ослабев, но се надевам на позитивен резултат. Најваќно е да се остане цврст во главата а јас психички се чувствувам добро, изјавил откако сознал за болеста, пишува „Јутарњи “.

Неговиот последен настап беше во октомври минатата година, кога настапуваше на концерт посветен за борба против ракот, само два месеци откако му била дијагностицирана болеста. Потоа се повлече од јавноста а последните месеци од животот ѓи помина на неговата сакана Корчула.

Оливер е роден во 1947 година, а почина на 70 години. Првиот голем успех во неговата кариера ја почна во 1974 година кога победи на „Сплитскиот фестивал“ со Песната „Што ќе ми е Копакабана“ а веќе следната година настапува со песната „Галебот и јас“, која станува негов заштитен знак и најава за богатата кариера. Станува познат на целиот Балкан, а настапувал и во познатата њујоршка сала  „Карнеги“, лондонската „Ројал Алберт“, париската  „Олимпија“,  и во „Опера хаус“ во Сиднеј.

Зад себе има 23 студиски албуми, многу компилации, и голем број награди од жири и публика.  Ќе остане запаметен по многу хитови, меѓу кои „Верувај во љубовта“, „Малинконија“, „Опрости ми папе“, „Надалина“, „Цесарица“, „Скалинада“ и многу други.

Оливер беше чест гостин во Скопје. И самиот кажуваше дека задоволство му е да доаѓа да пее пред македонската публика. Тоа го покажува и фактот што секогаш по концертите остануваше неколку дена да, како што велеше, ужива во македонската храна.

 

 

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена