11.8 C
Skopje
петок, мај 23, 2025
spot_img

Почина познатиот актер Предраг Ејдус

По тешко боледување вчера вечерта почина актерот Предраг Ејдус (71).Беше член на Народниот театар во Белград до 1993 година, кога заедно со Светлана Бојковиќ и Мики Манојловиќ  го напушти во знак на протест. Од 2006 година е редовен професор на Академијата на уметности,  Кон крајот на минатата година се врати во Народниот театар и ја одбележа 25 годишнината од премиерата на претставата „ Кир Јања“ во која тој ја играше главната улога. Многу членови од ансамблот се менуваа, само тој остана сите овие 25 години.

Има одиграно 200 драмски улоги, снимил над 50 филма, учествувал во 50 телевизиски драми, 30 телевизиски серии и над 200 улоги во радио драми.

Зад себе ги остави сопругата Милица, ќерката Вања, која исто така е позната актерка и синот Филип, кој е професор на факултетот за политички науки.

Го нарекуваа крал на комедијата.

-Комедијата ја сметам за врв во уметничкото знаење. Наградите ми се поттик за понатамошното работење. Јас сум во години кога треба да размислувам  да престанам да работам ама тоа не ми паѓа на памет, изјавил тој, чие мото за работа било- да се игра до крај.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена