17.4 C
Skopje
сабота, мај 17, 2025
spot_img

Почна Лига на шампиони- Згодните мажи причина жените да гледаат фудбал

Почна новата сезона на Лига на шампиони, која мажите ќе ги „закове“ пред телевизор. Но, тоа не значи дека жените нема што да прават. Напротив, ако мажите гледаат фудбал, жените ќе гледаат згодни фудбалери. Цела година работат за да бидат во топ форма и сега е време тоа да се покаже и секако да се види.  Еве неколку причини зошто жените треба да гледаат Лига на шампиони:

Единсон Кавани

Фото: twiter

Презгодниот Уругваец е еден од нај посакуваните неоженети фудбалери. Во Јужна Америка има армија обожавателки кои го следат не поради способноста да забива голови туку заради мачо изгледот. Верата му е многу важна во животот. Не е занемарливо и тоа што игра во еден од најбогатите клубови во светот ПСЖ, каде годишно добива повеќе од 10 милиони евра.

Алисон Бекер

Фото: hairyathletes.tumblr.com

Не е важно што има женско име кога е еден од нај мажествените фудбалери во Лига. Го поцрни тенот во Рома, па замина во Ливерпул. Тој е нај згоден голман.

Серхио Рамос

Фото: fusion.tv

Не е важно што Роналдо го нема таму, бидејки кралскиот клуб е полн со згодни фудбалери. Еден од нив е Серхио. Сака борба со бикови, религиозен и со заробено срце, а за тоа виновна е водителката Пилар.

Жерар Пике

Фото: mom.me

Се прости од репрезентацијата на Шпанија за да има повеќе време за својата сопруга Шакира.

Кристиано Роналдо

Фото: quora.com

За него не се потребни зборови. Постојано на Инстаграм става голи фотографии на кои ја промовира долнта облека. Армијата обожаватели и обожавателки и понатаму расте.

Мауро Икарди

Фото: aproko.blogspot.com

Тој е за сите жени што сакаат тетоважи.  Можеби изгледа опасно, но е папучар. Главна за неговите финансии е сопругата Ванда, која одредува каде ќе се трошат парите.

Џанлуиџи Буфон

Фото: dailymail.co.uk

Џиџи е нај стар од сите, но е згоден исто како и на 20 години. Тој е како виното, што постар толку подобар.

Кеита Балде

Згодниот Африканец е роден во Барселона, но одлучи да игра фудбал за  Сенегал. Внимавајте, тој е напаѓач.

Извор: 24sata.hr

 

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена