Појадок за добро утро
Палачинки
Палачинките можат да бидат вкусни, но и здрави. Ќе ви требаа фино мелен овес, белка од јајце, пире од банана и малку мелено ленено семе. Палачинките можете да ги засладите со мед, џем, јаворов сируп, свежо овошје… Вкусни, хранливи и богати со витамини и протеини.
Омлет од зеленчук
Многу е лесен за приготвување и во него можете да ставите свеж зеленчук и се` што ќе ви се најде во фрижидерот. Ако не успеете да го изедете за појадок, остатокот оставете го за ужина.
Авокадо со јајца
Потребно ви е едно зрело авокадо, неколку чери- домати, сол и бибер по вкус. Исечкајте го авокадото на парчиња, додадете домати, над нив – едно јајце, зачинете и запечете.
Шарен појадок
Ова е универзален рецепт за одличен појадок. Потребно е 1/2 авокадо, 1/2 чаша јогурт, 1/2 чаша млеко, 1 банана, грст спанаќ. Сомелете ги состојките во блендер, додека не станат совршено мазни.
Коментарите се затворени