Шестиот Меѓународен драмски фестивал за лица со и без хендикеп „Игри без маска“ – театар без дискриминација и годинава ја продолжува својата традиција- од денес, среда (27 октомври) до петок (29 октомври) во МНТ, на големата и малата сцена.
Овој, театар без дискриминација, кој сеуште го држи приматот – единствен на Балканот од таков вид, во себе ја има магијата на обединувањето и навистина е величенствено се што се случува овие три дена во Скопје. Пред и над се е поврзувањето и чувството на еднаквост.
Меѓународен инклузивен драмски фестивал „Игри без маска“ како што спомнавме почнува денес во Македонски Народен Театар со свечено отварање и изведба на „АХ ЉУБОВ“ со Марија Јанчевска, танцови групи “Реверанс“ и“Апстракт“, Завод “Бања Банско“, и гостинот Велислав Велчев од Софија.
Потоа е на ред „КУМЕ,ИЗГОРЕ ТИ КЕСЕ!“ од ПСУ Св “Наум Охридски“ од Скопје. Гости се: музичка група од ПСУ „Димитар Влахов“, танчерска група „Реверанс“ , Марија Јанчевска, Игор Постолов и професионални глумци Бранко Бенинов и Дејан Лилиќ.
Во текот на денот ќе биде изведена „ЉУБОВТА НЕМА ГРАНИЦИ“ што ќе ја изведуваат „Кораци наде“ од Тузла, БИХ. Во 13.30.ч ќе се случува Танц на група глувонеми лица од Ресурсен центар Призрен – Косово а во 13 и 45ч „ОПЕЛО за 21 ХРОМОЗОМ“ од „Живимо заједно – Стари град Белград, Србија а „ЈАС СУМ“ – ЗК “Сцена“ од ГОСТИВАР ќе ја заврши вечерта.
Во четврток ќе биде изведена преставата „ПРЕКУ ЅИДОТ“ од ООУ П.П.Арсов и ООУ Л.Трповски-Скопје РСМ а потоа „САМИ“ од Училиштето и дом за ученици со оштетен слух и говор „11 Мај“ од Јагодина, Србија , па „АЛИСА ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА“ – ООУ Христо Узунов, Другово, Кичево, „МАГИЈА НА ДОБРОТО“ – СУУУС Проф др Дечо Денев од Софија, Бугарија и WE ARE THE LIGHT – САМУС – професионално специјално училиште КЛУЖ од Романија.
Завршувањето и затварањето на фестивалот е во петок, од 12 часот, кога ќе бидат поделени награди за најдобра претстава, актери и ментори.
Дојдете да ја поделиме радоста!
Коментарите се затворени