Правила за 31 декември и 1 јануари

ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е:
1 Гушкање на драги луѓе
На полноќ задолжително изгушкајте ги драгите луѓе околу вас. Тоа е гаранција дека блиските и емотивни врски кои ги имате со нив ќе траат и во наредната година.


2 Резерви од храна и пари
Се верува дека Новата година треба да ја пречекате со многу (дури и малку повеќе) храна во фрижидерот. Покрај тоа – во секој паричник кој го имате во домот ставете пари, особено во оној што го користите. Тоа е знак дека и следната година ќе помине во благосостојба.
3 Платете ги сметките и вратете ги долговите
Сите сметки платете ги пред празникот и 1 јануари дочекајте го „чисти“. Истото важи и за долговите кои евентуално ги имате спрема деловните партнери, драгите луѓе и сл.
4 Првата личност во вашиот дом по полноќ
Кој ќе влезе прв во домот е важно, бидејќи се смета дека таа личност значително ќе влијае врз вашиот живот во наредната година. Еве неколку суеверија на таа тема:
– личноста би требало да тропне и со радост да биде пуштена во домот
– исто така би било добро да ви донесе некој мал подарок – за среќа и благосостојба
– пожелно е тоа да биде млад, убав маж
– не би требало никој да излегува од домот пред да дојде гостинот
5.Работа
Сработете нешто минимално на првиот ден од Новата година, иако е празник. Тоа значи дека ќе имате работа и во наредната година.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени