10.8 C
Skopje
недела, февруари 9, 2025
spot_img

Прво лице еднина. Chef Камала, Македонка која 18 години живее и готви во Словенија

„Размислував подолго време како да одговорам на прашањето – Што се јаде во „Зелена Дежела“ за Нова година? Бидејќи 21 година живеев во Македонија а 18 години сум во Словенија, ќе речам, пола- пола сум, но уште поголем предизвик ми е да одговорам на : Што јадеме во текот на целата година?
ЈОТА!

Енигмата ќе ја решам откривајќи што значат овие четири букви: нарендана кисела репка, малку грав и компир.
Потоа.
СЕГЕДИН: нарендана кисела зелка со сос од патлиџан, морков и парчиња на било кое месо или сејтан (пченично месо), соини коцки, како веге комбинација.

Продолжувам понатаму: „Тенстан кромпир” а тоа е варен кромпир исечкан на коцки, со кромид пржен на масло, за да добие најпрвин боја, потоа арома и на крај- одличен вкус.
Во Словенија би кажале: ПОСКУС што во превод значи ПРОБАЈ!



Chef Камала на снимањето на последниот проект на готвачки емисии на msoseska.tv

„Говеја жупа“, односно супа од се што останува од крава а во Македонија, поради бистрина на составот, слична е супа од кокошка.

Сакам да споменам дека и потица (штрудла) се јаде многу: потица од ореви, лешници а и Пехтранова со слатка урда е на менито за секое, особено зимско празнување!


Пехтранова потица, токму пред да се завитка

Патем, словенците се многу активен народ. Во душата се традиционални, ама во целина- интернационални. АКТИВНИ а потоа, како последица- ПРАКТИЧНИ. Сакаат евтино, брзо и едноствано а да е традиционално. Но, традиционалната Словенска кујна е пред се сиромашна. Како за споредба ќе ја спомнам македонската, која заради поднебјето и сонцето е побогата со овошје и зеленчук.
Словенската кујна се темели на компир и зелка со пченкарно или хељдино брашно од што се прават жганци а во Македонија тоа е- качамак, со „оцвирки“ (чварки), со кисело млеко и крањски колбас. После ваквата готвачка авантура, на крај, секоја готвачка се фали со констатацијата, дека е царица.

Ама „јаболчен штрудељ“ е секогаш и за секоја прилика на трпезата. Еве, ви давам една моја варијанта – растурен штрудељ. А другата фотографија е од една тетка, каде сум била на гости.

Како велат на Балканот? Колку пари, толку музика!
Брзото темпо на животот ни го наметнува и темпото на исхраната, така што во овие времиња, се е купено и инстант направено!
А во Словенија за Новогодишните празници се јаде тоа што наметнува и сервира ЕУ: смоки, обичен или Начо чипс, Салса омака, Домаќица- кекси.

Па што? Може да се касне и некоја „пашта со конзерва од туна“ а ако си веге- тортиља со зеленчук и сосови, и сите се чуствуваат како БОССОВи.
Пица деливери е секогаш на лагер, Мекдоналдс, бурек и ќебап. Ама за тие што јадат се, ПРШУТ и тоа Крашки, секогаш и за секоја прилика е на маса: со кашкавалче, приморска маслинка, и оревче. Потоа: печено месо со печен компир и Пир (пиво).
Или патлиџан од Мароко, млад кромид од Египт …Јас се прашувам: а каде е таа планина? Далекуууу, далекуууу, од нас. Всушност, воопшто не е кај нас!

Патем, Љубљана е најубав главен град на целиот Баклан! Ја составувааат: Словенци, Босанци, Албанци, Македонци, Срби, Хрвати, Црногорци…..
Таква како што е, наликува на мешана салата – ромска, шопска или растурена, ама се е во некој ред и прима – а и штима!

За крај на оваа колумна испраќам честитка: Во оваа Нова, 2023 година Ви посакувам да ги фрлите сите лушпи што ви ја креираат оградата и нека остане само наградата! Да сте живи и здрави!

Шеф Камала

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена