Потребно е: 1 парче туна, 1 лажица бел вински оцет, 1 лажица сенф, црн пипер, сол, маслиново масло, магдонос.
Измијте ја туната и добро избришете ја. Додадете сол и црн пипер, полијте со масло и оставете да се маринира најмалку еден час. Пржете ја туната по пет минути од двете страни, а ако сакате место да биде добро печено, продолжете го времето на пржење. Измешајте оцет, сенф, 4-5 лажици масло, сол и исечкан магдонос и со тоа полијте ја туната.
фото- kroger