11.8 C
Skopje
петок, мај 23, 2025
spot_img

Прием на почесниот конзул Серјожа Марков за независноста на Молдавија

Почесниот конзул на Република Молдавија во Македонија, Серјожа Марков направи прием по повод независноста на државата. На приемот, кој се одржа во комплексoт Верина Орман, покрај домаќините, присуствуваа голем број нивни пријатели и амбасадори.

Гостите, покрај Марков, ги пречекуваше и неговата сопруга, пејачката Аделина Тахири, која пред 18 дена се породи со нивниот син Јон. Аделина и Серјожа живеат во овој елитен комплекс, а приемот се одржа во ресторанот, кој е во состав на комплексот.

-Денот на независноста на Молдавија е 27 август, не е сега. Бидејќи мојата сопруга беше пред породување, не можевме да го направиме тогаш. Но, и прославата не е врзана точно за денот. Идната недела ќе одиме во Софија, каде амбасадорот Стефан Горда ќе прави прием.  Јас сум почесен конзул на Молдавија во Македонија од 2013 година, изјави Срејожа Марков.  (В.М.)

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена