Пријателства на далечина: Тијана Дапчевиќ

Секој од нас, особено ако е со долга меморија, има пријатели на кои се сеќава со нежност, луѓе кои му се на чекор до срцето, но реално- иљадници киломерти далеку. И покрај „паметни“ и какви се не телефони, физичкото присуство е незаменливо, иако ни се сменија размислувањата во времето на корона.
Муабетот ми беше, телефонот не може да замени гушкање, повик во „ниедно време“, „ти реков ми рече“ муабети. Токму затоа: Колку и дали пријателствата издржуваат далечина и разделеност?
Тијана Дапчевиќ


На фотографијата се моите најдобри другарки, уште од основното училиште, Маја и Маријана. Кај нас е многу едноставно, нема километри помеѓу, не постојат граници за нашата енергија. Е па ние енергетски се гушкаме, еве вака 20 години, и пак сме неразделни. И бидејќи сме заедно цел живот, кога ќе се сретнеме сме толку среќни и еуфорични, што забораваме да се сликаме. Едвај најдов неколку заеднички фотки, да не видите колку сме лични заедно.


Кај нас нема филозофија, нема мистика- продолжуваме таму каде што застанавме, а и ако застанавме, се следиме. Тоа се посебни приказни полни со детска раздраганост, некој вонсериски ентузијазам, оптимизам, радост.

Минатото лето славевме 25 години од матура, уште еден повод и потврда за тоа колку се сакаме.

В.Т.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!