Пријателство. Chef Љубица Комлениќ, гастрономски адут на Новак Ѓоковиќ и Адријана Алачки, сестри по душа

Chef Љубица Комлениќ, жената која се грижи за менито на Новак Ѓоковиќ, во светот на гастрономијата е етаблирана со највисоките признанија и е голем пријател на нашата Асоцијација „ГастроМак“. Врвен професионалец, единствената жена со лиценца WAKS судија, и со Мишелин ѕвезда, Љубица минатата година во Охрид, на четвртото издание на гастрономскиот натпревар „ГастроМак 2019 – Dont worry be Ohrid“, беше дел од меѓународното судско жири.


Четири дена таа го надгледуваше натпреварот, најголем на овие простори, со импресивно учество на натпреварувачите од 35 земји во светот. Преку ден, строго професионална, во работна униформа, и како што налагаат правилата- без накит, со собрана коса а невечер, како вистинска дама во децентни костуми, фасцинираше со својот став и харизма.
– Поканата Љубица Комлениќ, да биде дел од судската елита на „ГастроМак“, таа ја прифати најспонтано, иако има набиен распоред и многу обврски и во Италија каде што живее 20 години и во Србија, каде и се роднините и срцето- раскажува Адријана Алачки. „Љубица остануваше по 12-14 часа во боксови, нејзината присутност беше голема подршка за натпреварувачите, кои ги презентираа своите знаења и потоа ги чекаа резултатите. Несебично ги делеше своите знаења, и јас бев сведок кога ги советуваше дека е важно да научат, наградите секако ќе дојдат, порано или подоцна. Со Новак Ѓоковиќ беа остојано на линија, освен што смислува мени за него и семејството, тие се големи пријатели, промотери и амбасадори на Србија секаде во светот.


Љубица виде дел Македонија, беше во Скопје, Гостивар, Охрид, Радожда, и се допадна нашата кујна, сирењата, рибите, зеленчукот, вината, и секако не остана имуна на љубезноста на луѓето и на домаќините.


– Минатото лето, во август- раскажува Адријана, со Бесим Латифи бевме гости во Вилата Вулин во Пула, каде се приготвуваше ‘fine dining’ вечера со 9 ганга. Љубица беше во кујна 48 часа, не можевме да се изначудиме на енергијата што ја поседува. Вонсериска е навистина. Минатата година бевме и дел од Академијата за слаткарство во Милано, грандиозен настан во нејзина организација, каде имаше што да се види и научи.


Пријателството со Љубица Комлениќ трае неколку години, и како што вели Адријана, привилегија е да имаш пријател како неа.


„Таа е голем хуманитарец, спасува и усреќува детски животи преку „Chefs for live“. Во замокот Малвези, во Бреша, неколку пати годишно се одржува хуманитарната вечера посветена на болните деца ,,Ноќ на звездите“, каде 30 Мишелин ѕвезди, на чело со нашата драга Љубица Комлениќ готват за присутните гости- еминентни имиња од светот на политиката, науката, уметноста. Секогаш сме меѓу поканетите и како „ГастроМак“ даваме голема подршка и се радуваме за сите нејзини успеси, заврши Адријана Алачки.

Вања Тодоровска

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!