17.4 C
Skopje
вторник, мај 20, 2025
spot_img

Прокељ. Бомба за вашиот имунитет

Прокељот е витаминска бомба во мало пакување чија важност за здравјето е голема. Не дебели и е драгоцен за сите возрасти.

Калориската вредност на прокељот е 43 калории во 100 г, јаглени хидрати – 9 г, масти – 0,3 г, белковини – 3,4 г. Исклучително е богат со антиоксиданти а содржи и значајни количини на витамин Ц и К, А и комплекс од Б витамини.
Прокељот го подмладува и чисти организмот, му ја дава потребната енергија и виталност, а содржи и разни минерали: железо, калциум, фосфор, магнезиум, калиум, цинк и натриум.
Прокељот е важен за подигнување на имунитетот, го чисти организмот од штетните состојки така што го забрзува празнењето на цревата. Изобилува со лутеин и заексантин, кои ги чуваат очите. Луѓето кои секојдневно конзумираат по 300 г прокељ имаат 37 отсто поголема концентрација на витамин Ц во крвта а им се препорачува за лицата кои имаат проблеми со нервниот систем.

претходна објава,
наредна објава

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена