Психолошко аикидо на Михаил Литвак: Постигни успех и сите навреди ќе исчезнат

1. Својата радост треба да ја делите и со пријателите и со непријателите – првите ќе се израдуваат, вторите ќе се вознемират.

2. Ако веќе сакате да гризете – гризнете од знаењата, а не од енергијата на блискиот.

3. Способноста добро да ја поднесувате самотијата покажува дека сте духовно зрели. Всушност, најдобро функционираме кога сме сами.

4. Не постои машка или женска логика, само способност или неспособност мудро да размислуваме.

5. Депресија постои за човек да се замисли над себеси.

6. Не трчај по среќа и ќе го најдеш местото каде што живее таа. Среќата ќе те најде тебе, затоа што е – во тебе.

7. Ако мислите добро за себе, зошто е потребно и другите да го делат вашето мислење?

8. Постигни успех и сите навреди ќе исчезнат.

9. Незрела личност често има знаење, ама не знае да го примени, додека зрелата личност има знаење и знае да го примени. Ете затоа незрелите луѓе ги критикуваат другите, додека зрелите дејствуваат.

Фото: Pixabay

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!