4.8 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

Пченкарен леб со лути пиперчиња

фото- hronokuhinja.rs
Состојки за 8 лица: 2 јајца, 400 мл јогурт, 60 г путер, 400 г брашно, 1 прашок за печиво, 2 лажички сол, 2 лути пиперчиња, 150 г лук, 200 г пченкарно брашно и 100 г рендан пармезан.
Подготовка:
Во поголем сад изматете ги јајцата, па додадете ги јогуртот и растопениот путер. Потоа додадете го брашното, прашокот за печиво и солта. На лутите пиперчиња отстотстранете ги семките и сите исечкајте ги. Ситно исечкајте го и лукот и пропржете го на малку маснотија. Додадете ја мешавината заедно со пченкарно брашно и пармезанот. Сите состојки добро измешајте ги за да добиете мазно тесто. Тестото развијте го и ставете го во намачкано тавче (големина 30х18 цм), и по желба испрскајте со семки. Печете во загреана рерна на температура од 180 Ц степени околу 45 минути. По печењето, оставете го лебот во тавчето околу 10 минути, а потоа извадете го на решетката целосно да се излади.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена