16.8 C
Skopje
четврток, јуни 19, 2025
spot_img

Пo „Винодонија 2019“: Во виното е убавината

Живееме во земјата на сонцето и виното, па некако логични ми се комплиментите што деновиве, по завршената „Винодонија 2019“ пристигнуваат од разни страни.
Отсекогаш, во сите периоди од човековата историја виното има вистински култен статус иако состојбите во винската индустрија постојано се менуваат. Сепак, предничи добро произведено вино кое, за среќа ни е дел од долгата традиција, културата и историјата.
Настанот, како што резимираа организаторите, „во двата дена собра 1450 вински гости, кои уживаа во дружба со 48. винарии и ги дегустираа нивните 440 вина спарени со мезе од 15 гастро изложувачи.“


Не знам дали е најчитаниот, но најцитираниот по социјалните мрежи, писателот Пауло Коељо забележува – Обиди се да пиеш од секаква чаша. Секое вино треба да се проба, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај.“


Згора на сите спомнати вински предизвици, беа одржани 7 работилници и предавања, од кои дознавме и понекоја винска тајна.
И на сето ова, инспиративна атмосвера на местото на настанот, хотелот Мериот, како потврда дека и Господ го сака виното. Да беше поинаку, немаше да е толку добро.
Винодонија, полека но сигурно, создавајќи атмсфера на традиција станува престижен настан во престолнината. (В.Т.)

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена