Разладување на плус 40

*Апаратите за домаќинство, дури и во состојба на мирување, произведуваат топлина, па подобро е во лето сосема да ги исклучите. Така ќе одбегнете непотребно загревање на просторот и ќе заштедите на сметките за струја.

*За време на жештините, немојте непотребно да го загревате воздухот со палење сијалици во домот, а одбегнувајте ја релната. Уживајте во свежото овошје и зеленчукот, како и во сладолед а ќе ви помогне и готвењето во микробранова печка која не произведува толкава топлина.

* Со два вентилатора се добива ефект на клима, но само ако добро ги поставите – секој на својот крај од просторијата, но така што ќе го „тераат“ воздухот во иста насока.

*Чувството на топлина дополнително се зголемува ако има влага во домот – по туширање или готвење, отворете го прозорецот или вклучете ја вентилацијата.

*Во домовите и становите, долните прозорци на запад и горните на исток секако би требало да бидат отворени, зашто така ладниот воздух ќе влегува во домот, а загреаниот ќе излегува. Сепак, во најголемите жештини е најдобро да не отворате воопшто прозорци се додека не се стемни и станот потполно да го затемните.

*Ноќе отворете ги сите прозорци, а струењето на воздухот осигурајте го со вентилатор. Дури и ако имате клима, вентилаторот ќе помогне ладниот воздух подобро да се разлее низ просторијата.

*Ако немате клима – импровизирајте така што под вентилаторот ќе ставите сад со мраз или со ладна вода која ќе го забрза ладењето. Најдобро место за вентилаторот е покрај најголемиот ѕид во просторијата и на подот.

 

* Ако ставите тенда пред прозорецот, температурата во просторијата може да ја намалите за околу 5 степени. За затемнување подобро од ролетни или завеси ќе помогнат бели „венецијанерки“ – светлото полесно се дозира, а белата боја дополнително ја одбива топлината. Големи грејачи се мониторите и телевизорите, па исклучете ги од струја доколку не ги користите, а класичните светилки заменете ги со штедливи светилки.

* Во лето ленот и свилата се подобри од памукот. Употребувајте ленени чаршафи кои се двојно поладни од памучните. Можете да го преместите душекот на под, каде што е за степен поладно. Добра опција е и свилена постелнина која на кожата и овозможува да дише.

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Оставете реплика

Вашата емаил адреса нема да биде објавена