За да ја избегнеме главоболката, мачнината, зголеменото потење, сувата уста и жедта, професорот Вејн Џоунс, експерт за токсикологија од шведскиот универзитет „Линкцпинг“, направи мал водич за алкохолни пијалаци.
Бело вино
Оние што уживаат во белото вино сигурно знаат дека е калорично. Околу 175 мл бело вино содржи 130 калории. Меѓу неговите благотворни својства се и хемикалиите што помагаат во намалување на нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ). Но, не претерувајте. Сулфатите во ова вино доведуваат до мамурлак, а можат да поттикнат и алергиска реакција што уште повеќе ќе ги зголемат главоболката или астмата.
Црно вино
Чаша црно вино (200мл) содржи околу 120 калории. Црното има поголем благотворен ефект врз здравјето отколку белото вино. Особено е корисно во превенција од кардиоваскуларни болести, а содржи и резвератрол што го успорува стареењето на организмот. Сите обожаватели на темното вино знаат дека создава многу потежок мамурлак отколку белото вино.
Шампањ
Чаша шампањ од 175 мл содржи 133 калории, малку повеќе во споредба со белото вино.
Антиоксидансите во шампањот го штитат мозокот од оштетувања што се случуваат за време на мозочен удар, а имаат и превентивно дејство кај Паркинсова и кај Алцхајмерова болест. Сепак, не залетувајте, зашто меурчињата во шампањот ја забрзуваат апсорпцијата на алкохолот. Спротивно од раширениот став, голема количина шампањ не го подобрува расположението.
Пиво
Една чаша пиво (0,57л) содржи меѓу 170 и 200 калории што е колку седум чоколадни бисквити. Пивото е најбезопасно и од него најмалку ќе се опиете. Освен тоа, од сите алкохолни пијалаци содржи најмалку алкохол, што не значи дека треба да претерувате. Истражувањето во „International Journal of Cancer“ покажало дека една чаша пиво дневно го зголемува ризикот од рак на црева за 10%, а две чаши за 25 отсто.
Виски
Многу е калорично – во 35 мл виски има 80 калории. Вискито содржи големо ниво на киселина, која го спречува развивањето тумор. Сепак, не опивајте се со виски за да го спречите ракот, зашто ќе ви настрада црниот дроб. Освен тоа, премногу виски доведува и до непредвидливо однесување и тежок мамурлак. Ниту виски ниту други алкохолни пијалаци немојте да пиете на гладно, зашто тоа е како интравенозно внесување алкохол во организмот.