Раширете ги рацете за Новата година!


Драги мои,

Се простуваме од старата.
Не вртете се по неа, напротив, шепнете и во доверба: патувај среќо, а со тебе сето бреме, сите крадци на спокојни мисли, манипулатори и гњаватори: бај бај.
Отворете ги рацете силно да ја прегрнете Новата. И пред да ви посакам да се читаме уште многу, сакам да ви порачам нешто од срце.
Драги мои, на ова патување наречено животот, каде сме воз а не железничка станица – што би рекол некој добар ум, Ви посакувам и да простувате.
Тоа го можат духовно силните, оние што веруваат и бараат, што знаат дека зборовите носат енергија. Бидете добри, најдобри, затоа што добрината усреќува, одбегнувајте примитивно и завидливо однесување.
Радувајте се, раскажувајте, светнете си ги душичките, тоа оди во пакетот со среќата.
Патувајте, затоа што тоа е сигурна база за да си ја освежите и душата и мислите, носталгијата чувајте ја за себе, барајте го изворното, уживајте во интерни кулинарски екстраваганции и, не заборавајте: не сте вие капка во окен, туку океан во една капка!
Ви посакувам среќна, најсреќна 2023 година!
ВАЊА ТОДОРОВСКА

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!