Ристе Тушевски: Благодарение на татко ми, јапонските јаболки ги има низ цела Македонија

Македонскиот виртуоз на хармоника и композитор Ристе Тушевски, во овој период, со почеток на есента, покрај музиката е зафатен и со берба на јапонските јаболка.

– Ги сакам јапонските јаболки затоа што и тие, како музиката се дел од мојот живот, вели Ристе. „Горд сум на моето семејство кое со години ја негува традицијата на одгледувањето на јапонски јаболки, и тие и калинките не се прскаат со никакви препарати и спаѓаат во најздравите овошја. Ги имаме во изобилие, но има нешто уште поинтересно.
Имено, моето семејство, поточно татко ми Јован Тушевски е еден од творците на јапонското јаболко овде кај нас и горд сум на тоа.
Татко ми пред четириесет години од Валандово почна да ги размножува јапонските јаболки насекаде низ Македонија. Денеска нашата земја е полна со ова прекрасно овошје, кое не само што е многу здраво туку има декоративна крошна што до доцна во зимата ги краси дворовите.“

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!