31.8 C
Skopje
вторник, јули 15, 2025
spot_img

Ристе Тушевски: „Летај песно, летај далеку“ ќе остане за генерации што доаѓаат

На овогодишното издание на „Филиграни“ (26 ноември во Дом на АРМ) Ристе и Јадранка Тушевски настапуваат со „Летај песно, летај далеку“.
Текстот на композицијата е на Бранко Николовски а авторот Тушевски вели:
„Аранжманите ми се убав предизвик, овојпат песната содржи ризница од 24 инструменти, поставени во полифона структура каде ги движам мелодиските линии на гудачките инструменти а тука е гласот на Јадранка, песната ја отпеа трогласно, како никогаш досега. Јадранка се надмина себе си, така што фестивалот го очекувам со нетрпение и голема радост, бидејќи „Летај песно летај далеку“, сигурно ќе остане запаметена и за генерации што доаѓаат.“
Инаку, песната е љубовна со порака- од туѓина да летне кај саканиот.
Носталгичната нота, како што вели нашиот вируоз на хармоника- Ристе Тушевски „доаѓа од еден од најголемите фолклори на светот, Македонскиот фолклор,и токму затоа, долго ќе се памети.“

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена