16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Роберт Билбилов : „Чудни места“ е ослободена од ниски страсти

Тој е музичар со посебен сензибилитет и енергија, па и да не му го знаете творештвото, го издава „поинаквост“ во песните. Роберт Билбилов, иако не љуби, деновиве е присутен во јавноста поради убавите работи што му ги донесе најновата песна изведена на „Макфест“.

„Чудни места“, песна што ја изведе на „Макфест“, ем што освои награда, ем некако „чудно“ се пикна под кожа. Сосема поинаква композиција, нова свежина, и музичка и текстуална (Робин Зимбаков), се убаво споено, баш како што се спојуваат вистините, луѓето.

Роберт со текстописецот Робин Зимбаков

– Ви благодарам што веќе со самото прашање сте го почувствувале спојот на енергија и инспирација во песната, која ни ја даваат и создаваат драгите луѓе околу нас, токму така и се роди „Чудни места“ како резултат на искрено пријателство и чиста љубов кон саканите, ослободена од ниски страсти, но со голема страст кон музиката и поезијата… И сето тоа, во финишот е прилагодено
и за око, работата што одлично ја направи Skyeye entertainment.

Муабетот ми беше- љубовта е голем, ако не и најголем двигател и не џабе е толку опеана. Но, работата отиде до банализирање, предвидливост, повторување. „Чудни места“ нема врска со набројаното. Како се роди, и како ти се реши да ја интерпретираш?Даде многу искрена емоција во оваа песна...
– Не би го нарекол тоа банализирање…Љубовта навистина е најголем двигател, и сите се обидуваме да ја искажеме и дефинираме на сопствен начин и затоа некојпат трошиме премногу зборови, па изгледа банално. Сепак сите имаме право на тоа, „Чудни места“ со спојот на музиката, зборовите и интерпретацијата, веројатно успеа, со малку да каже и допре многу. Тешко се објаснува како се раѓа и интерпретира музика која доаѓа некаде длабоко од потсвеста и душата, и затоа да оставиме таа да зборува сама за себе и секој на свој начин, со сопствено искуство да ја доживее.

Роберт, многу си позитивен, се надевам тоа не е лице за јавност. Таа убава енергија.., откаде ја црпиш, што те исполнува толку видливо или е се прашање на генетиката?
– Ако очекувате да се бранам или да се пофалам тогаш тоа не би бил вистинскиот јас, се согласувам со се што кажавте.

Татковството ти годи, се забележува. Што прави малиот убавец?
– Давид е мојата светлина, мојата енергија, прекрасно момче кое не застанува да прави нешто креативно, сака да создава…Уште е мал и каде поточно ќе ја имплементира неговата уметничка душа останува да видиме…

Морам да те прашам за соработката со Тамара и Игор. Вие како тројка сте идеална комбинација во однос на готов производ, песните. Иста бранова, музичка должина?
– Тамара, Игор и јас, такво нешто не се случило.., одличен спој кој не смее да застане да креира музика, секоја наша песна гаѓала директно во срцата…Најверојатно, ова нашето е спој на искуство, талент и божја сила…

Ти си типичен пример за „тивката вода брегот го рони“- не си наметлив, уште помалку напорен, ама кога кога нешто ќе направиш, тоа си зборува. Што ќе се случува наредниот период?
– Јас сум човек кој верува во крајниот резултат, во тоа што ќе го види и слушне..,не во тоа што ќе ми го кажеш само со зборови…Се трудам да дадам максимум во секоја песна, да ја испромовирам, да најдам начин да стигне до слушателот, и, сепак- да, тоа го правам на суптилен начин, тивко а гласно.
Наредниот период ќе биде доста работлив, и посебно се радувам бидејќи естрадата ќе се врати на голема врата, како никогаш до сега…
Вања Тодоровска

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена