На својот Инстаграм профил, со убав повод, утрово осамна најубавата роденденска честитика до Македонија. Игор Џамбазов на својот уникатен начин и го честита 30-тиот роденден на својата татковина.
„Македонијо моја…
Денес полниш 30 лета, не си веќе девојченце.
Имаше несигурно детство и ептен бурна младост.
Време ти е да се прибереш малку.
Застани веќе на свои нозе, сакај се малку повеќе.
Иако ти е време за мажење, немој да го правиш тоа.
Знаеш дека не те бива за потпишување договори.
Башка и никој не те заслужува.
Те сакам, Македонијо!“