14.8 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

Романса на работно место

Заинтересирани сте да излезете со некој од вашите колеги и тоа веќе ви стана опсесија. Зошто чувството е толку силно?
– Романсите на работно место се возбудливи бидејќи тие вообичаено почнуваат во тајност, вели д-р Тери Л. Орбах, психолог, терапевт за врски. Таинственоста всушност носи возбуда, затоа е важно да се биде сигурен дека ве привлекува личноста, а не само таинственоста.

Што ако сакате да излезете со некој кој работи за вас?
– Претпоставен и подреден никогаш не треба да излегуваат . Како раководител, треба да ги оцените резултатите од работата на таа личност, да обезбедите повратна реакција и да донесете одлуки за унапредувања, а тоа тешко може да се направи објективно.
Покрај тоа, други вработени можат да помислат дека личноста со која сте во врска добива привилегиран однос. И ако врската се растури, а вие негативно дејствувате кон вашата поранешна сакана личност – на пример, слабо оценување на резултатите – тој или таа би можеле да тврдат дека станува збор за дискриминација.

Кои се предизвиците ако имате романтична врска на работа?
– Едно големо прашање е како да се одвојат вашата лична врска и вашиот професионален однос. Изразите на љубов или расправиите во канцеларија им создаваат непријатност на колегите – и се непрофесионални. Затоа двајцата мора да сте свесни како вашето однесување влијае врз другите. Додека сте во првиот романтичен занес – се чувствувате восхитено, попустливо и занесено – последното нешто за кое би сакале да размислувате е разидување. Сепак, треба да поставите основни правила за респектен и професионален однос меѓу себе ако ги раздвоите патиштата.

Доколу раскинете, дури и ако тоа сега тешко може да се замисли – како ќе можете комотно да соработувате со таа личност подоцна?
– Разговарајте како да продолжите како пријатели и колеги кога веќе не излегувате заедно. Објаснете дека не сакате крајот на врската да има негативен ефект врз кариерите на кој било од вас. Никогаш не ја озборувајте или не зборувајте лошо за вашата поранешна љубов пред колегите. Тоа само лошо ќе се одрази на вас и ќе ја отежне заедничката соработка.

Од друга страна, ако решите да се венчате или заедно да живеете, како треба да постапите професионално?
– Информирајте ги вашите раководители што е можно поскоро. Во одредени ситуации, раководството може да почувствува дека вашиот брак негативно ќе влијае врз работните резултати или врз работната средина – и може да побара еден од вас да замине од компанијата. Таквите примери, сепак, се ретки.

фото- happylifestylejournal.com

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена