Рукола против настинка

Руколата е ароматична и лековита, зељест зеленчук богат со витамин Ц, железо, влакна и други корисни материи. Има малку горчлив вкус, особено ако е малку постара, па затоа е подобро да се користат младите листови. Руколата е корисна против настинка и кашлица, го регулира варењето на храната и го освежува организмот, а од неа најмногу се подготвуваат салати.

Салата од рукола и анасон
Две тврдо сварени јајца излупете ги и исечете на тркалца. Приближно 300 г анасон варете околу 10 минути во 250 мл супа (коцка), а потоа процедете. Исечкајте го срцето од зелена салата, додадете рукола и сето тоа добро измешајте. Направете прелив од три лажици сок од лимон, 2 лажици сечкано свежо нане, 1 лажица мед, сол и црн пипер. Салатата декорирајте ја со црни маслинки.
Фото- cajeviza.net

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени