Сакате повеќе секс: разведете се!

Единаесет посто од разведените британски двојки водат љубов повеќе од 21 пат месечно, речиси двојно повеќе од оние што живеат во брачна заедница. Сексот кај разведените е многу почест од која било друга категорија, вклучувајќи ги и двојките што живеат заедно, самците и вдовците, односно вдовиците.
Стресот на работното место и обврските, тешкотиите што ги носи семејниот живот се забележливи и во анкетите. Така, пензионираните луѓе имаат почесто полови односи за разлика од младите луѓе, што имаат полно работно време.
Резултатите од истражувањето донекаде ја објаснуваат и појавата на бејби бум кај повозрасните Британки, жени што веќе ја достигнале старосната граница за пензија.
Во неодамнешната онлајн анкета во која учествувале повеќе од 1.800 Британци се дошло до следниве резултати: 22 отсто од мажите постари од 55 години користат „вијагра“, а 37 отсто од жените се служат со секси-помагала. Седумдесет отсто од мажите гледаат порнографија, а еден во 20 хетеросексуалци на возраст меѓу 25 и 34 години експериментирал во секс со личност од истиот пол.
Довербата е претставена како најважен аспект на односот, пред пријателството, смислата за хумор, финансиска стабилност и сексот на петтото место“, пишува британски „Телеграф“.
„Кај разведените луѓе постои чувство како да се одврзани од синџир“, смета психологот Рози Кемпбел. „Просечна вработена мајка на 40 години жонглира меѓу кариерата, децата и домот, а сексот, веројатно и е последната работа што и паѓа на ум“, смета психологот.
Патем, истражувањето покажало и дека оженетите британски двојки водат љубов деветпати месечно. „На работното место во последните 10 години има се` повеќе стрес, кој ја потиснува желбата за секс. Има многу луѓе што уживаат во меѓусебните нежности, но не и во сексот. Меѓутоа, не е потребно да чекате пензија за да го подобрите својот сексуален живот. И редовното вежбање може да има позитивно влијание.“
(„The Telegraph“)

Фото- Pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени