4.8 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

Салата со лубеница

Потребно е – 200 грама козјо сирење, половина лубеница, 150 грама презла, 1 јајце, 100 грама брашно, маслиново масло, листови зелена салата, една краставица, свежо нане и бибер.
Козјото сирење исечете го на коцки. Користиме тврдо козјо сирење кое ќе ја задржи формата за време на пржењето. Лубеницата исечете ја на коцки , и зачинете со бибер.
Загрејте малку масло во тавата. Земете три чинии и наполнете ги со брашно, матено јајце и презла. Земете ги коцките сирење, извалкајте ги во брашно, во јајце и покријте ги презла, а потоа внимателно ставете ги во жешкото масло да се пржат. Повремено превртувајте ги за да добијат рамномерна боја од сите страни. Немојте да ставате премногу коцки одеднаш за да не се залепат едни за други. Кога коцките ќе добијат златна боја од сите страни, извадете ги од маслото и оставете ги да се исцедат на кујнска салфетка. Повторете ја постапката додека да се испржат сите коцки.
Ставете листови зелена салата во чинија за салата. Ѕидовите на чинијата украсете ги со парчиња краставица исечени дијагонално и потоа ставете ги парчињата лубеница на средина.
Префрлете ги коцките сирење и на крај земете свежи листови нане.

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена