10.8 C
Skopje
недела, февруари 9, 2025
spot_img

Салата со тиквички , пилешко месо, домат и марула

Оваа вкусна салата, што слободно може да се нарече и оброк, е идеална за деновите кога ви се јаде нешто конкретно а лесно, додека сеуште лесно се наоѓаат тиквички и марула. Процедурата е следна- две тиквички се сечат на тркалца, се редат во плех, се наросуваат со сол и малку масло. Додека тие се печат (20-30 минути), вие го печете пилешкиот стек, или било кое друго пилешко месо.
Салатата е измиена, исечкана, исто како и доматот. За побогат вкус додадете и врзопче рукола.
Откако тиквиците ќе се изладат, месото се сечка на ситни парчиња, и потоа се меша со марула, рукола, тиквички и домат. Внимателно промешувате, за да не се загуби формата, пред да сервирате. Неколку капки маслиново масло и босилек како мирудија, ќе ја направат салатата уште повкусна. Добар апетит!

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена