14.8 C
Skopje
вторник, април 29, 2025
spot_img

Сари ни „Челзи“ не го смири, им се врати на цигарите- пуши по четири кутии дневно

Кога стана тренер на „Челзи“, Маурицио Сари (59) донел одлука дека ќе престане да пуши, барем додека е во Лондон. Но, најновите фотографии покажуваат дека тоа не му тргнало од рака. После победата над „Ливерпул“ Сари си дозволил победничка цигара во клубскиот автобус, но не останал на една.

Онлајн платформата „Дримтим“  израчуна колку цигари пуши Сари и колку тоа го чини.  И во Италија и во Англија тој изјавил дека пуши по 80 цигари дневно а бидејки е израчунато дека една цигара се пупи во просек три минути, тогаш Сари една четвртина од својот живот поминал со цигара во уста. Во Англија една кутија цигари чини 13 евра, што значи дека дневно троши по 52 евра, додека месечно повеќе од 1.600 евра. Годишно Сари пуши 200 илјада евра.

Последниот негов фудбалски пораз бил во април, додека се уште бил на чело на „Наполи“. Од последниот пораз до сега испушил 12.000 цигари. Тој вели дека е активен пушач од 18 години, што значи дека до сега запалил  околу милион цигари.

Инфо и фото: bljesak.info

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена