Сармички од блитва

Потребно е: 20 големи листови од блитва, 200 г ориз, 1 морков, 1 главица кромид, 1 китка магдонос, лук, масло, сол, црн и црвен пипер, сушен зеленчук, вода.
Измијте ги листовите од блитва и ставете ги минута-две во топла вода, да омекнат. Во водата во која стоеше блитва, додадете 2 лажици сушен зеленчук и црн пипер. Во посебен сад сипете масло и загрејте го. Исечкајте го кромидот и пропржете, додадете ги оризот и изренданиот морков и мешајте минута-две, а потоа додадете црвен и црн пипер. Ставете ја водата од блитвата.
Мешајте го оризот малку да набабри, додадете ситно исечкан магдонос, лук, добро промешајте и оставете да се излади. Филувајте ги листовите блитва со смесата од ориз и зеленчук, завиткајте во ролнички, и наредете во сад за печење. Ставете им вода до работ на сармичките, и печете околу еден час.


Фото: Recepti

Pexels

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!