16.8 C
Skopje
сабота, април 19, 2025
spot_img

Сармички од кељ со сирење

Потребно е: килограм кељ, половина килограм излупени домати, 350 г. меко топено сирење, половина главичка кромид, рендан пармезан, масло, сол, црн пипер.
Листовите од кељ, треба да се обарат во солена вода и да се остават да се изладат. На секој лист се става парче сирење и се витка како сарма. На малку масло се пропржува исечкан лук, се додава излупен домат, сол и црн пипер и се вари сосот околу 15 минути. Во огнотпорен сад се сипува половина од сосот, од горе се редат сармичките, се прелива со остатокот од сосот и се посипува со пармезан. Сармичките се ставаат во загреаната рерна и се печат десетина минути.
фото-varjacom kroz svet

Може да ве интересира..

Социјални Мрежи

3,852фановиДопаѓања
610следбенициследете
- Advertisement -spot_img

Препорачани објави

error: Содржината е заштитена