Сања Бачевски. Микро растенијата од балкон, супер храна на денешницата

Велат, ако нешто сакаш- бараш пат, ако не сакаш- бараш изговор. Токму тоа е „начинот“ на Сања Бачевски, нејзиниот „модус вивенди“, раздвижувач кој животните предизвици ги престорува во шанси. Оваа шармантна жена, инаку, дипломиран инженер по хортикултура, опремена со оптимизам и насмевка, откако од Лесковац со семејството се пресели во, како што вели- најубавиот на свет- Охрид, во сосема нова средина, успеа да си ја пронајде професионалната сатисфакција. Нејзината преокупација се микро растенијата, малите билки, новата супер храна, која естетски делува магично-секоја чинија со јадење ја прави моќна, како стокмена за фотографирање, но најголемиот адут е дека тие се вистински витамински бомби што изобилуваат со здравје.

Микро растенијата содржат 4 до 40 пати повеќе витамини, минерали, антиоксиданси, кога се вака млади. Се сметаат за супер храна, поради тоа што нутритивната вредност им е голема– веднаш ми кажа Сања, откривајќи дека со радост ги опишува своите почетоци, па продолжува:
Приказната за микро растенијата почна пред 2 години, кога се вративме во Охрид. Додека живеевме во Србија, се занимавав со уредување на градини, бидејќи имаме расадник со украсни растенија, преку 20 години. Откако се преселивме тука, се наоѓам на пресвртница на својот професионален живот. Живеееме во најубавиот дел од градот, во Варош, ама со мал простор за било какво производство на растенија. Долго размислував и истражував што корисно можам да направам.“
Понатаму, се тргна спонтано, ем со истражувањето за здрава храна за семејството, ем со истражувањето на видови што би ги произведувала на мал простор.

Така, мојата соговорничка дојде на идеја микро растенијата да одгледува на балкон, откаде се простира најубавиот панорамски поглед на Охрид.
Во таа убавина почнувам со производство на микро растенијата, во малиот пластеник на балкон. Горда сум бидејќи производството е 100% органско, многу внимавам семето да е со органско потекло, земјата да е органска, потоа, не користам никакви препарати за заштита на растенија, само многу љубов и нега. Засега од мојот балкон се зеленат 8 вида на растенија – сончоглед, спанаќ, пченка, грашок, јапонска ротквица, брокули.., но интензивно работам на нови сорти и на што поголем асортиман.
Патем, љубовта на Сања кон растенијата потекнува генерации наназад, уште нејзините претци се занимавале со производство на храна, а татко и таа љубов ја искажа преку производство на украсни растенија. Нејзиниот чекор со производство на микро растенијата е гласот на ова време, во чекор со сите истражувања поврзани со здравјето.

Микро растенијата имаат исклучително интензивен вкус, поинтензивни бои и се многу декоративни. Да не зборувам колку се богати со витамини и минерали и колку го засилуваат имунитетот. Тие едноставно на најобичните јадења им даваат нова димензија, а можат да се користат во сендвичи, салати, рижото, потаж, смути.., но, единствено во свежа состојба…Познатите шефовите кај нас, веќе ги користеа, нивните чинии навистина делуваа фасцинантно, што може да се види преку мојата страница на ФБ и Инстаграм.


Чинии на Chef Маре Јаневска



Чинии на Пеце Клечкароски

-Ние семејно, микро растенијата ги користиме секојдневно, искрено се надевам дека со поголема информираност, тие ќе станат неопходни во секојдневната исхрана во секој дом, заврши Бачевска.

Валентина Вања Тодоровска

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени

error: Content is protected !!