Свадба на Еквадор: Се омажи Јоана, ќерката на Гордана и Кирил Поп Христови

Свадбените ѕвончиња се слушаат од Еквадор! Додуша, благодарение на социјалните мрежи, но секако, убавите вести брзо, најбрзо патуваат. Се омажи Јоана, ќерката на Гоца и Кирил Поп Христов, кои неколку години живеат на Еквадор.
Избраникот на срцето на Јоана е Родригез Сориа Џосе Луис, тој има 30 а таа 24 години и во јуни ќе станат родители . Сите се пресреќни во исчекување на најубавата работа на светот а Гоца вели:
„Многу се радувам на внучето, замислете, првпат во семејството ќе имаме машко бебе.“


Кога ќе ги погледнете фотографиите од среќната двојка, таа магично убава во белиот фустан, вистинска принцеза од сказните, ќе ве облие љубов, и ќе ве озрачат емоции и нежност. Да, се случува љубов, се случува живот.


– Нашиот драг зет е од индијанска фамилија Монтаниа Еквадор, има 13 браќа и сестри и родители кои се заедно 60 години- ни ја раскажа приказната Гоца. „Во суштина Еквадорците се питоми, мили луге. Полни со живот и позитивна енергија а фамилијата им е светиња и се многу поврзани со сите членови на семејството. Јоана сите ја обожаваат и таа се врза за нив. Нивното семејство живее традиционално, со голема почит и љубов кон себе, и ќерка ми е пресреќна, си го сака мажот а и ние сме среќни поради нив, љубовта е толку очигледна, не разнежува сите.“
Јоана и Родригез се заедно четири години, првин беа најдобри другари а кога од пријателство ќе се роди и поинаква љубов, врската е најсилна, знаеме сите.


– Свадбената веселба беше забавата во нивен стил, не изненадија сите и беше прекрасно и дирливо, продолжува Гоца. – Всушност, целата забава беше преиспитување за нас, мислевме дека сме free mind , за да набргу ни проработи „скопскиот снобизам“. Најискрено, не препознавајќи го сето тоа од прва, имав асоцијација на филмот на Кустурица, но кога видов со колку љубов тие ја подготвиле забавата, што се направиле, навистина се засрамив – искрена е Гоца.
Младенците гугуткаа постојано радувајќи се на новите страни на љубовта што заеднички ги испишуваат. Без било какви предрасуди, со широко отворени врати кон љубовта, со раширени раце тие му ја отворија прегратката на животот.
Им ја посакуваме целата среќа на светот. (Вања Тодоровска.)

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени