Светско а наше: Луксузниот бренд Елена Лука во Њујорк

Елена Лука припаѓа на елитната глобална модна сцена, а тоа го докажа со најновиот и исклучително значаeн проект „World of Elena Luka“ со кој го пласира својот луксузен дизајн во ексклузивните светски модни метрополи, неслучајно стартувајќи со Њујорк!
Во соработка со луксузната концептуaлна и онлајн продавница, „Dreems“, Елена Лука непосредно го презентира својот уникатен дизајнерски производ во една од најзначајните светски модни метрополи, Њујорк! Реакциите на тимот на „Dreems“ се воодушевувачки и од таму пристигнуваат коментари со кои потенцираат дека се фасцинирани од уникатната естетика на нашиот бренд, што ветува долгорочна и успешна соработка.


Новата луксузна колекција на Елена Лука, „NYC“, ќе биде презентирана во друштво на други светски, етаблирани брендови, пред интернационалната публика во Њујорк, преку свој шоурум во рамките на концептуалната продавница „Dreems“. Истовремено, отмените дизајнерски парчиња од новата линија на Елена Лука се достапни и во онлајн продажба, преку онлајн продавницата на dreems.nyc, но и преку сопствената е-продавница.
„Неслучајно се одлучив токму за Њујорк – градот што живее за мода, за гламур, градот во кој жената владее. Токму ова беше и инспирација за „NYC“ колекцијата за претстојната сезона – ноќниот живот на градот со целиот свој гламур и екстравагантност. Елена Лука Ве носи во еден времеплов, за да го потсети Њујорк на сексапилот на жената во минатото. Можам да Ви ветам вистински гламур, софистицираност и изглед кој остава без здив“, вели г-ѓа Елена Пандева, амбициозната дама која стои зад Елена Лука како сопственик и генерален менаџер.
Лоцирана во најелитниот моден кварт во Њујорк, што важи и за најлуксузна шопинг дестинација, Soho – Менхетн, концептуалната продавница „Dreems“ е во непосредна близина на ексклузивни продавници на брендови од рангот на „Шанел“ и „Балман“. Во такво опкружување, од оваа сезона, достапни во продажба се и гламурозните дизајни на македонскиот моден бренд Елена Лука.
„Горди сме што со проектот „World of Elena Luka“, нашиот моден бренд ја потенцира и зацврстува позицијата на македонската мода на светската модна мапа, носејќи го домашниот дизајн во зенитот на светските модни случувања!“, вели г-ѓа Пандева

Би можело да ве интересира Повеќе од овој автор

Коментарите се затворени